Уапсена жена заради испратено писмо со отров до Белата куќа

Американската полиција уапси жена осомничена за испраќање на писмото до Белата куќа со смртоносниот отров рицин, соопштија властите.

Според извештаите во медиумите, жената била уапсена кога се обидела да премине во Канада на граничен премин во сојузната држава Њујорк.

Канцеларијата на ФБИ во Вашингтон соопшти дека „е уапсено лице кое наводно е одговорно за испраќање на сомнителното писмо“, пренесуваат британските медиуми.

Во соопштението се додава дека истрагата е во тек.

Извор од безбедносните служби, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека е уапсена жена државјанка на Канада.

Кралската канадска коњаничка полиција (РЦМП) во саботата соопшти дека добила барање од ФБИ за асистенција во истрагата и дека се чини дека писмото е испратено од Канада.

Писмото во саботата било пресретнато во последниот владин центар за надворешни пратки, со што било спречено да стигне до Белата куќа.

Слични писма биле испратени до органите на прогонот во Тексас, вклучувајќи еден затвор и канцеларија на шериф.

Заедничката работна група за борба против тероризмот во Вашингтон почна истрага со помош на полицијата во Њујорк и полицијата на Кралската канадска коњаница (РЦМП).

Истражителите соопштија дека не е утврдена врска меѓу писмото со отров и меѓународни терористички организации. Рицинот природно се наоѓа во рицинусовото зрно, но со посебен процес се претвора во биолошко оружје. Рицинот може да предизвика смрт во рок од 36 до 72 часа по изложување на количество поголемо од глава на чиода. Експертите наведуваат дека не постои познат противотров.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе