Уапсени уште тројца судии во случајот со убиството на новинарот Јан Куцијак

МИА/КАЈГАНА
/ 14.09.2020 / 19:45

Специјална единица на словачката полиција денеска уапси тројца истакнати судии и двајца наводни соучесници поради сомнение дека се вклучени во корупција, јави ДПА.

Полицијата на својата страница на Facebook денеска соопшти дека е поведена кривична постапка против уште шест лица.

Германската новинска агенција, повикувајќи се на наводи на локалните медиуми, соопшти дека се уапсени шефот на регионалниот суд во Жилина, шефот на тамошниот Окружен суд и пензиониран судија.

Од убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница во февруари 2018 година, словачката полиција истражува коруптивни врски во судството.

Милионерот Маријан Кочнер, обвинет дека го нарачал убиството на новинарот, се наведува дека систематски поткупувал и уценувал судии и обвинители со цел да купи ослободителни пресуди во неговите бројни измамнички скандали. Убиството на новинарот и истрагата што следеше открија и други случаи на корупција во судството.

Во март годинава беа уапсени тринаесет судии, вклучувајќи ја и поранешната државна секретарка за правда, Моника Јанковска. За неа се вели дека манипулирала со судските постапки во име на Кочнер.

На 3 септември, Кочнер беше изненадувачки ослободен од обвинението дека го нарачал убиството на Куцијак, кој известувал за матните зделки на Кочнер, но и за други случаи на корупција.

По убиството имаше масовни демонстрации што доведоа до оставка на тогашната влада. Ослободителната пресуда на Кочнер поради недостиг на докази предизвика негодување на меѓународно ниво, но пресудата уште не е конечна бидејќи јавниот обвинител поднесе жалба. пренесува ДПА.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе