Полицајката Лидија Такач од Нови Сад стана вистинска сензација во Србија и сето тоа поради атрактивниот физички изглед.
Лидија е активен член на социјалните мрежи, каде што редовно споделува содржини и од нејзиниот деловен и од личниот живот.
Нејзините фотографии во униформа воодушевуваат многу корисници на Instagram, а таа дури ја доби титулата Најубава полицајка во Србија.
Коментари од типот: „Уапси ме и земи ме со себе“, „Мислам дека ова е најубавата полицајка што сум ја видел“, „Убава си, омажи се за мене“, „Не би ми пречело да ме приведеш“, се редовни коментари на нејзиниот официјален Instagram профил, но Лидија не обрнува многу внимание на тоа.
Лидија, инаку, е дипломиран правник. За нејзиниот приватен живот не се знае многу, освен дека е мајка на две девојчиња кои сака да ги покажува на социјалните мрежи.