Убавините на Француска Гвајана
Француска Гвајана е единствената територија на континентот Јужна Америка која сѐ уште живее во колонијалната ера. Таа е прекуморски регион на Франција со што спаѓа и во Европската Унија.
Има површина од 83.534 км² на која живеат 295.385 жители, според податоците од јануари 2024. Главен град е Кајена со 63.468 жители.
Се наоѓа на северниот дел од континентот со излез на Атлантскиот Океан. Граничи со Суринам на исток, а на југ и запад со Бразил. Официјален јазик е француски, а признати се и десетици домородни јазици.