Убавините на Мадеира
Мадеира е името на португалскиот архипелаг во Атлантскиот Океан составен од неколку групи на острови.
Португалските морепловци во Мадеира дошле во 1419 година и веќе од наредната година почнале да ја населуваат. Има вкупна површина од 801 км² каде живеат околу 290 илјади жители, речиси сите етнички Португалци. Веројатно најпознатата личност од Мадеира е Кристијано Роналдо, кој е роден токму на најголемиот остров во овој архипелаг.
Геолошки, Мадеира се наоѓа на африканската тектонска плоча, но политички и културолошки припаѓа на Европа. Најразвиена гранка е туризмот, а меѓу странците многу се популарни локалните вина, храна и богатата флора и фауна.