КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Убедлива победа на Македонија во Лихтенштајн

Филип Здравески
/ 08.10.2021 / 22:46

После тешкото прво полувреме кога едвај го најдовме патот до мрежата, македонските фудбалери беа далеку поефикасни во вториот дел за конечна победа од 4:0 над аутсајдерот во групата.

Фото: ФФМ

Селекторот Благоја Милевски на овој натпревар почна со следниве единаесетмина: Столе Димитриевски; Кире Ристевски, Дарко Велковски, Стефан Ристовски, Дарко Чурлинов, Аријан Адеми, Стефан Спировски, Џани Алиоски, Елиф Елмас, Александар Трајковски и Милан Ристовски.

Фото: ФФМ

Од почетокот на натпреварот домашната репрезентација стави дознаење дека има намера да игра тотален бункер. Македонија доминираше, но затворениот пристап до голот на Бени Бихел резултираше со малку вистински шанси, иако обиди имаше.

Првата добра прилика ја имаше Ристовски помладиот кога во 12. минута по нафрлување од Елмас со глава биеше крај голот. Четири минути подоцна Спировски од далечина упати добар удар, но над голот.

Во 18. минута конечно се затресе домашната мрежа кога ударот на Елмас го пресретна Трајковски сместувајќи ја топката во мрежата. Но, помошникот веднаш го крена знаменцето за офсајд, а и ВАР проверката ја потврди неговата одлука, па голот беше поништен.

Седум минути подоцна Елмас се пробиваше и падна во казнениот простор по еден дуел со домашниот капитен Хаслер, но судијата не ја прекина играта. Во продолжението од акцијата Лихтенштајн тргна во контра која Милан Ристовски ја спречи со старт од зад грб и доби жолт картон поради кој нема да биде во комбинација в понеделник против Германија.

36. минута беше во тек кога Трајковски од слободен удар нафрли, а Елмас со глава за малку го промаши голот.

Отпорот на Лихтенштајн конечно беше скршен во 39. минута. Трајковски нафрли од корнер на прва статива каде Велковски со глава ја погоди подалечната статива, топката веднаш ја прими Чурлинов и додаде до Ристевски - кој ја промаши, дојде повторно до Велковски кој веднаш ја смести во мрежата.

После паузата македонските фудбалери тргнаа поенергично и порешително, создадоа далеку повеќе шанси, а резултатот не е повисок само благодарение на голманот Бени Бихел кој по којзнае кој пат докажа дека е најдобар играч на оваа слаба алпска репрезентација.

Фото: ФФМ

Првата замена Милевски ја направи во 61. минута кога напаѓачот Ристовски ја напушти играта за во дресот со националните бои да дебитира Бојан Миовски.

Сепак, на вториот гол се чекаше до 66. минута и кога после ВАР одлука полскиот судија покажа на белата точка. Имено, Адеми беше фаулиран од Мајер, прекршок кој судијата првично не го забележа. Одговорноста ја презеде Алиоски и не погреши, зголемувајќи на 2:0.

Потоа играта беше далреку полесна, а Милевски во 70. минута направи нови две замени и тоа Адеми и Алиоски очекувано излегоа за да се одморат за в понеделник, а во игра влегоа Бобан Николов и Стефан Ашковски.

Третиот гол дојде во 75. минута кога откако нововлезениот Николов се прошета низ домашната одбрана. Само минута подоцна Миовски пропушти деби гол откако неговиот удар со глава Бихел мајсторски го одбрани.

Тогаш беа направени и последните измени, а дебитираше и новопечениот репрезентативец Ердал Ракип кој заедно со Ѓоко Зјаков влезе на местото на Велковски и капитенот Ристовски.

Конечните 4:0 ги постави Чурлинов кога со еден соло продор проба да одигра дупла со Ракип, но наместо со него одигра со Хофер и потоа упати топовски удар, неодбранлив за расположениот Бихел.

Во другите два натпревара во нашата група Германија со пресврт со 2:1 ја победи Романија, додека Исланд и Ерменија одиграа 1:1.

Табела после 7. коло:

  1. Германија 18 (19:3)
  2. Македонија 12 (15:6)
  3. Ерменија 12 (8:10)
  4. Романија 10 (10:8)
  5. Исланд 5 (7:15)
  6. Лихтенштајн 1 (2:19)
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе