Убиец на фаворити: Сите четири европски финалисти сезонава загубија од еден тим

За првпат во фудбалската историја, сите финалисти во европските купови доаѓаат од Премиер лигата и тоа е голем успех за Англија како нација која го сака и негува овој спорт. Но, она што е изненадувачки е дека сите четири тима оваа сезона беа совладани од истиот тим – Вулверхемптон Вондерерс.

По неверојатните пресврти на реванш-натпреварите од полуфиналето на Лигата на шампионите, Ливерпул и Тотенхем на први јуни ќе се сретнат во финалето на ова натпреварување. За Ливерпул тоа ќе биде второ финале по ред, додека Тотенхем за првпат ќе земе учество во финале од најелитното фудбалско натпреварување на Стариот континент.

Во меѓувреме, Арсенал со леснотија стигна во финалето од Лига Европа иако играше против силната Валенсија, а во финалето ќе се сретне со Челзи, на кој му беа потребни пенали за да го порази тимот на Ајнтрахт Франкфурт.

Меѓутоа, деновиве на социјалните мрежи на големо се зборува за тимот на Вулверхемптон Вондерерс, предводен од Нуно Еспирито Санто – тим кој сезонава успеа да забележи одлични резултати против сите четири финалисти. Тие минатата сезона беа шампиони во Чемпионшип, второто по ранг натпреварување во Англија, а годинава успеаја да се искачат на седмото место на табелата и да ги изненадат сите аналитичари и фудбалски експерти.

Во последното коло Вулверхемптон му гостува на Ливерпул, а овој натпревар потенцијално може да го реши шампионот на Англија за оваа сезона. Претходно, Вулвс триумфираа против Арсенал на домашен терен и против Тотенхем на гостински терен со резултат 3:1, го совладаа Челзи на домашен терен и ремизираа на гостински, а во третата рунда од ФА купот на домашен терен го победија Ливерпул со 2:0.

Кога веќе зборуваме за финалето на Лигата на шампионите, интересен факт е дека Џорџинио Вијналдум (Ливерпул) и Муса Сисоко (Тотенхем) ќе играат еден против друг точно три години откако заедно испаднаа од Премиер лигата со тимот на Њукасл.

реклама

Фудбал

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе