Убиецот на Бојку носел бела капа и темни очила

МВР трага по убиецот на Дилавер Бојку -Леку, кој вчера беше застрелан на плажа во Струга. Неофицијално, полицијата трага по машко лице на возраст од околу 30 години, слабо развиен, висок до 170 цм.

Според првичните полициски сознанија од истрагата и од сведоците, напаѓачот бил облечен во темна маица, темни кратки пантолони и темни сандали на нозете. На главата носел бела летна капа и темни очила за сонце.

Како што соопштија од СВР Охрид, во тек се опсежни оперативни мерки за да го лоцираат и идентификуваат можниот сторител.

„Се повикуваат повеќе лица на разговор во полициската станица, во Струга се вршат анкети но и други мерки за побрзо да се дојде до можниот сторител“, велат од СВР Охрид.

Мотивите за убиството на често нарекуваниот „Балкански крал на проституцијата“ не се утврдени од полицијата, но во јавноста се говори дека станува збор за крвна одмазда. Бојку е осуденик за организирање нелегална проституција во селото Велешта. Тој вчера беше убиен со куршум во главата на плажа во Струга пред неговата кафеана во близина на старата автобуска станица. Пукањето се случило околу 17 часот пред посетителите на кафеаната на плажата „Аква блу“. Веднаш потоа Бојку бил пренесен во Општата болница во Струга со прострелна рана во главата, каде што од страна на докторите била констатирана смрт.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Хроника

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Read more

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Read more

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Read more

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе