Убиецот од Конгсберг преминал во ислам и се радикализирал, соопшти норвешката полиција

Осомничениот за нападот со лак и стрела, 37-годишниот Данец, преминал во ислам, а полицијата пред убиствата, вчеравечер, беше во контакт со него поради загриженост за радикализација, изјави денеска шефот на норвешката полиција Оле Бредруп Саверуд, пренесе CNN.

Данецот беше уапсен синоќа за нападот со лак и стрела во супермаркет во норвешкиот град Конгсберг, во кој уби пет лица, а двајца тешко повреди.

Откако полицијата вечерта добила пријава за нападот осомничениот го привела за точно 34 минути. Очевидци велат дека побеснетиот човек убил пет лица, додека другите панично трчале по улиците, обидувајќи се да избегаат од заканата.

Тој во моментов е во притвор, а полицијата претходно соопшти дека е во тек истрага за да се утврди дали нападот може да го третира како терористички акт.

Жена, која во моментот на нападот била на улица во Конгсберг, за локалната телевизија изјави дека маж одеднаш се појавил на аголот од улицата со лак и стрела во рацете.

– Слушнав метеж и видов жена како се крие на аголот, потоа се појави маж и застана на аголот на улицата со лак и стрели во некаква торбичка. Потоа, видов како луѓето трчаат по улицата, исплашени за сопствениот живот. Една од нив беше жена со мало дете во рацете, рече локален жител кој сакаше да остане анонимен.

Нападот се случи на последниот ден од конзервативната влада на Ерн Солберг. Премиерката во заминување рече дека информациите што ги добила за инцидентот се „страшни“.

– Разбирам дека многу луѓе се плашат, но важно е да се нагласи дека полицијата сега ја контролира ситуацијата, рече таа на прес-конференција, неколку часа пред официјално да ја напушти функцијата премиер на Норвешка.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more
 

Вести

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе