Убиен главниот ирански нуклеарен научник

Б.С.Б.
/ 27.11.2020 / 18:24

Познатиот ирански нуклеарен научник Мохсен Факризадех Махавади е убиен денеска во близина на Техеран. Тој беше шеф на центарот за истражување нови технологии во елитната Револуционерна гарда, пренесе CNN.

Се верува дека тој управуваше со контроверзната нуклеарна програма во Иран. Државните медиуми известија дека веројатно станува збор за атентат.

Минатата година Иран почна да се повлекува од нуклеарниот договор од 2015 година, една година откако американскиот претседател Доналд Трамп го напушти договорот и воведе санкции кон Техеран.

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф тврди дека постојат индиции дека најверојатно Израел е вмешан во убиството на нуклеарниот научник, додека иранскиот министер за одбрана Амир Хатами убиството го оцени како „длабока омраза на напријателот“ кон Иран.

– Терористите денеска го убија истакнатиот ирански научник. Ваков кукавичлук, со сериозни индиции за улогата на Израел, покажува очајно поттикнување војна, напиша Зариф на Twitter, но не наведе докази за неговите тврдења.

Тој истакна дека Иран ја повикува меѓународната заедница, посебно Европската Унија, да прекине со „срамните двојни стандарди“ и да го осудат таквиот „акт на државен тероризам“.

URL
URL
Тагови
реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Read more

Свет

ОН ја објави листата на топ 10 најнаселени градови во светот за 2023 година

Read more

Северна Кореја ја извести Јапонија дека планира да лансира сателит

Read more

Белорусија ги затвора патиштата кон Русија, најави формирање на народна милиција

Read more

Позелене водата во каналот во Венеција, свикан итен состанок

Read more
 

Вести

Вјоса Османи: Илегалните српски структури ги нападнаа косовската полиција, КФОР и новинарите

Читај повеќе

Над 50 лица се повредени во судирите во Звечан, вели доктор од Косовска Митровица

Читај повеќе

Камења паднале врз турист од Полска на Матка, пренесен е во болница

Читај повеќе
  • play_arrow

Експлозии одекнуваат на Косово – двајца Срби ранети, ситуацијата повторно тензична

Читај повеќе

Сослушана дадилката на Коста: Тој беше добро дете

Читај повеќе

Бектеши со евтини летови Скопје-Сараево ќе го зголемува бројот на туристи во двете земји

Читај повеќе

Пендаровски одлучи да ги потпише законите за Бехтел и Енка

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа кај Штип, загина возач

Читај повеќе

Кинотеката в среда го отвора летното кино со филмска вечер посветена на Желимир Жилник

Читај повеќе