Регион

Убиен најбараниот бегалец во БиХ

12. февруари 2019 - 17:34 | МИА
Сараево, 12 февруари 2019 (МИА) – Најбараниот бегалец во БиХ, Един Гачиќ, кој е осомничен за брутално убиство на полицаец и цивил, денеска е ликвидиран од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево.

Гачиќ е осомничен од страна на полицијата за извршени две убиства на 6 и на 9 февруари. Тој осум дена се наоѓаше во бегство по монструозните убиства.

Оттогаш жителите на БиХ се во постојан страв поради убиецот кој се криеше, поради што се воведени строги безбедносни мерки, а на терен биле ангажирани сите полициски сили.

Властите во Кантонот Сараево распишаа и награда во износ од 25.000 евра за информација која ќе доведе до апсење на Гачиќ.

Гачиќ е сериски убиец и поранешен припадник на одредот „Ел Муџахедин“, кој од затворот во Бихаќ е пуштен на слобода во 2017 година. 

Коментирај