Убиен поранешен припадник на ОВК, братот се сомнева во српската БИА

Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Ќерим Кељменди пронајден е утрово запален во неговиот автомобил во селото Захаќ во општина Пеќ.

Медиумите известуваат дека Кељменди првин бил застрелан со неколку куршуми, а потоа запален заедно со неговиот авотмобил, додека полицијата го оквалификува случајот како „убиство“.

Од полицијата наведуваат дека првично биле информирани оти во селото Захаќ гори автомобил, па дури подоцна, при гаснењето на огнот, се открило дека во него се наоѓа убиениот Кељменди.

– По добивањето на информацијата, единиците од полициската станица во Пеќ отидоа на лице место каде забележаа возило кое е целосно зафатено од оган. Противпожарните единици пристигнаа на местото на настанот и целосно го изгасија огнот. Меѓутоа, во текот на гаснењето забележано е дека во автомобилот се наоѓа едно лице, се вели во полициското соопштение.

На местото на настанот излегле надлежни истражни екипи, како и државен обвинител и медицинска екипа, која ја констатира смртта на жртвата.

Приштинските медиуми пренесуваат дека Ќерим Кељменди е еден од првите припадници на ОВК и брат на Ибрахим Кељменди, еден од водачите на предвоеното Народно движење на Косово, од кое, како што се наведува, произлезе и ОВК.

Во изјава за порталот Gazeta Express, Ибрахим Кељменди, кој живее надвор од Косово, вели дека се сомнева оти зад убиството на неговиот брат стојат „платени убијци или професионалци на Безбедносно-информативната агенција (БИА)“ на Србија.

– Се сомневам во платени убијци или професионалци на српската БИА, која се чини ја користи приликата создадена со дебатите и кавгите околу политичките убиства, за да го запали уште повеќе непријателството меѓу военото и пацифистичкото крило. Секогаш кога се вжештуваат кавгите и дебатите, БИА ја користи приликата да изврши убиства, со цел да го направи што понепријателски внатреалбанкиот амбиент, вели Ибрахим Кељменди.

Изрази на сочувство за смртта на Ќерим Кељменди, меѓу другите, изразија претседателот на Косово Хашим Тачи и лидерот на Алијансата за иднината на Косово, екс-премиерот Рамуш Харадинај, обајцата водачи на поранешната ОВК.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе