Ученици од пет училишта од Прилеп учествуваат на едукативни работилници на МТФ „Војдан Чернодрински“

Во текот на наредните седум месеци ќе ги изучуваат театарските процеси преку вежби и гостувања на театарџии, и тоа врз еден од текстовите на Горан Стефановски, како автор во фокус на 58. издание на фестивалот.

Вториот циклус од едукативните работилници во рамките на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ започнаа изминатиот викенд во Прилеп.

Пет училишта од општината Прилеп се придружија годинава на новото театарско-едукативно патување, кое ќе трае во наредните шест месеци, а резултатите од сработеното, ќе ги видиме на претстојното 58. издание на фестивалот, што годинава ќе се одржи од 7 до 14 јуни.

На вториот циклус едукативни работилници што ги предводи режисерот и едукатор Милош Б. Андоновски од „Театар за сите“ од Скопје, ќе учествуваат ученици од општинските основни училишта „Добре Јованоски“ и „Блаже Конески“, како и од средните општински училишта „Ристе Ристески - Ричко“, „Мирче Ацев“ и „Ѓорче Петров“.

Во просториите на прилепскиот театар тие ја одржаа првата средба, под менторство на актерите Илија Волчески и Игор Трпчески. Учениците заедно и со нивните наставници-ментори, разговараа и презентираа за театарските процеси.

Во текот на наредните седум месеци ќе се изучуваат театарските процеси (режија, актерство, драмско пишување и драматургија, костимографија, сценографија) практично, преку вежби и гостувања на театарџии. Целата содржина ќе биде работена врз еден од текстовите на Горан Стефановски, како автор во фокус на 58. издание на фестивалот.

-Едукативните работилници на МТФ „Војдан Чернодрински“ се дел од придружната програма на фестивалот, што ја започна фестивалот од последното 57. издание. Мотивирани од големиот успех и интерес што го предизвика кај учениците и наставниците, и годинава оваа активност сакаме да ја надградуваме. Свесни сме колку е важно учениците да бидат вклучени директно во создавање театарско дело, да дишат во ритамот на театарот, да истражуваат, а и особено да имаат можност тоа да го работат со театарски професионалци. Едукативните работилници се мотивирачки и за наставниците, кои изразија волја да ја продолжат работата и ја вклучат во нивната настава – велат од фестивалот.

реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Култура

Томислав Османли добитник на книжевната награда Донат за животно дело

Read more

Проекција на документарниот филм The Hip-Brainstorm на Јане Алтипармаков во Струмица

Read more

Виртуозниот виолинист Роберт Лакатош настапува со Македонската филхармонија

Read more

Сензибилната трансформација на Дурацовски

Read more
 

Вести

Најголемиот климатски самит во историјата почна со една голема промена

Читај повеќе
  • play_arrow

Автомобил удри во мечка кај Тетово – полесно повредени децата во возилото

Читај повеќе

Владимир Путин нареди бројот на руски војници да се зголеми за 170.000

Читај повеќе

Северна Кореја: Попречувањето на нашите сателити би било објава на војна

Читај повеќе

Шести ден ни трага ни глас од исчезнатата Вања, се пребаруваат и подруми и речни корита

Читај повеќе

Паника во Брисел поради Орбан: Ја држи ЕУ како заложник

Читај повеќе

Доларот зајакна, цената на нафтата стагнира

Читај повеќе

Скопјанка овозможила возрасни да имаат секс со малолетнички и да ги снимаат

Читај повеќе

Скопје повторно на врвот на листите на загаденост на воздухот

Читај повеќе