Ученикот на Хабиб со страшен нокаут ја освои титулата во ПФЛ и милион долари

Завршниот настан на организацијата за боречки вештини ПФЛ, одржан во Ријад, донесе борби за шампионските титули во 2024 година, а една од највпечатливите победи ја оствари Дагестанецот Гаџи Рабаданов. Тој брутално го нокаутираше поранешниот шампион во Белатор, Брент Примус, во третата рунда и ја освои титулата во лесна категорија во својата прва година во ПФЛ.

Рабаданов е во серија од 10 победи, го подобри својот вкупен рекорд на 24-4-1 и се покажа како еден од најдобрите во светот во својата категорија.

Овој 31-годишен Дагестанец е член на тимот на Хабиб Нурмагомедов и често тренира со легендарниот борец, со неговиот непоразен братучед Усман и со Ислам Махачев.

Рабаданов против Примус во целост го демонстрираше раскошот на дагестанскиот стил и со комбнација удари го собори противникот и го принуди судијата да ја прекине борбата.

Рабаданов на тој начин го освои турнирот во лесна категорија, каде од почетокот на годината со едногласна одлука ги победи Соломон Ренфро и Елвин Еспиноса и во полуфиналето во втората рунда го исфрли Мајкл Дуфорт. Тој заработи милион долари за освојување на турнирот, но тоа може да биде и негова последна борба во ПФЛ бидејќи логично е да се префрли во УФЦ.

реклама

Останати спортови

Кличко има шанса да стане најстариот шампион во тешка категорија во историјата

Read more

Почина трикратниот светски шампион во бокс Мањифико

Read more

Ученикот на Хабиб со страшен нокаут ја освои титулата во ПФЛ и милион долари

Read more

Како триатлонот ги инспирира девојките и жените?

Read more
 

Спорт

Бове повеќе не може да игра во Серија А, му вградија дефибрилатор

Читај повеќе

Дончиќ ќе игра за Словенија на ЕвроБаскетот 2025

Читај повеќе

Мбапе на ливче им оставил порака на соиграчите, се очекува Билбао да биде пресвртница

Читај повеќе

Бундеслигата инкасира 4,5 милијарди евра од ТВ права

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ го престигна Меџик Џонсон и направи нешто што се чека 63 години, Дончиќ брилираше

Читај повеќе
  • play_arrow

Изјавата на Роналдо за Мбапе од пред два месеца сега е хит на денот

Читај повеќе

Дали Нојер ќе ја „отслужи“ казната за црвениот картон?

Читај повеќе

ФИФА воведува трет преоден рок?

Читај повеќе

Жрепка за Светското клупско првенство: Мајами ја крои судбината на 32 екипи

Читај повеќе