Училиштата остануваат отворени, нема голем број заразени ученици и наставници

Според последната статистика, 60 ученици и 160 наставници на ниво на држава кои се со физичко присуство во училиштата се активни на COVID-19, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, додавајќи дека сè додека не се создадат услови за затворање на училиштата, би останал овој модел на настава.

– На почетокот на оваа недела известивме колкав е процентот од вкупен број на ученици и ќе видите дека 0,05 проценти е заразеност кај ученици и 0,6 проценти е кај наставници. Што значи не надминуваме ниту еден процент, немаме ширење на ковид во училиштата внатре. Сè додека не се создадат услови за затворање ние би останале на овој модел, рече Царовска во изјава за медиумите по средбата со наградени ученици на меѓународни олимпијади за информатика.

Според неа, има можност за заменски наставници во секој момент доколку се случи позитивен наставник, а наставниците можат да продолжат да даваат настава онлајн во случај да се изолира целото одделение.

– Сите држави во светот, а секако и СЗО и УНИЦЕФ препорачуваат училиштата да останат отворени. Секаде во свет се отворени. Ние немаме голем број. Тоа што е важно за нашиот систем, за нашата држава е да имаме континуитет во наставата и ние ќе се залагаме за истото, рече Царовска.

Во однос на денешните барања на СОНК до директорите на основните училишта да се исплатат прекувремените работни часови, Царовска посочи дека училиштата каде што има доказ за надминување на часовите, согласно Закон за работни односи треба да ги исплатат прекувремените работни часови.

– Но, тоа е однос меѓу локалната единица на синдикатот и директорот на училиштето. Јас ги поттикнувам да седнат и заеднички да ги надминуваат овие прашања. Ве уверувам дека нема голем број на училишта каде имаме надминувања на бројот на часови, нагласи Царовска.

МОН, како што додаде, на 21 месецов упати писмо до сите училишта, посебно до директорите, државен просветен инспекторат за можностите кои се нудат на секое училиште во случај да има потреба од дополнителен кадар или дополнително ангажирање на постојниот кадар.

– Постојат неколку опции – тоа е дека согласно Законот за основно образование, основачот, односно, Советот и општината треба да ангажираат дополнителен кадар и да обезбедат средства за истото. Ние како Влада, во ребалансот, предлагаме дополнително зголемување на блок дотацијата за два процента, што значи обезбедуваме финансирање. Од друга страна согласно Законот за работни односи, наставниците кои сега се во настава можат да бидат платени за дополнителни работни часови во случај да нивниот број на часови во училница е зголемен согласно одредбите во Законот. И третата опција која веќе ја објавивме беше туторство, појасни Царовска.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе