Брзоногиот напаѓач на парискиот клуб е позитивен на COVID-19 и поради тоа ќе го пропушти реваншот од Лигата на шампионите против Барселона.
Котиворијанецот со италијански пасош, Моис Кин, денеска излезе позитивен на тестирањата за коронавирусот по што веднаш е ставен во карантин.
„Моис Кин беше тестиран позитивен на Sars-Cov2 ПЦР тестот направен утринава. Тој останува во Париз и нема биде во тимот за натпреварот во Бордо. Одреден период ќе биде во изолација и ќе ги следи здравствените протоколи“, објави ПСЖ на Twitter.
ПСЖ вечерва од 21 часот игра на гости кај тимот на Бордо, каде по денешните настани ќе недостасува натурализираниот Италијанец.
Но, она што го загрижува ПСЖ е тоа што Кин ќе мора 10 дена да биде во изолација, а тоа значи дека нема да може да игра на реваншот во Лигата на шампионите против Барселона, кој е закажан за наредната среда.
Кин беше стрелец на третиот гол за „Светците“ кои со 4:1 славеа на „Камп Ноу“. Но, како што досега многупати се покажало во Лигата на шампионите, ваква голема предност не е сигурен резултат за поминување во наредната фаза.