УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

УЕФА ги казни Србија, Хрватска, Словенија и Албанија поради расизам на ЕУРО

УЕФА најави нови казни поврзани со случувањата на ЕУРО 2024 во Германија, а за расизам на трибините казни дури 7 репрезентации.

Најлошо мина Хрватска, која е казнета со 50.000 евра, а навивачите добија забрана за присуство на првиот нареден натпревар на гости (Португалија, 5 септември) поради расистичкото однесување на натпреварите против Шпанија, Албанија и Италија, односно сите на кои играа „Ватрените“.

Србија е казнета со 30.000 евра, а навивачите добија забрана за присуство на првиот нареден натпревар на гости (Данска, 8 септември) поради расистичкото однесување на натпреварите против Англија, Словенија и Данска, исто така сите натпревари на кои играа „Орлите“.

Словенија е казнета со 30.000 евра и условна забрана за присуство на навивачи на првото наредно гостување (Норвешка, 10 октомври) поради расистичкото однесување на навивачите на натпреварите со Данска, Англија и Португалија.

Албанија е казнета со 30.000 евра и условна забрана за присуство на навивачи на првото наредно гостување поради расистичкото однесување на навивачите на натпреварите против Хрватска и Шпанија.

Романија е казнета со 40.000 евра, а навивачите добија забрана за присуство на првото наредно гостување (Косово, 6 септември) поради расистичко однесување на навивачите на натпреварите против Украина, Белгија и Холандија.

Унгарија е казнета со 30.000 евра и условна забрана за присуство на навивачи на првото наредно гостување поради расистичкото однесување на навивачите на натпреварите против Германија и Шкотска.

Австрија е казнета со 20.000 евра и условна забрана за присуство на навивачите на првото наредно гостување поради расистичкото однесување на навивачите на натпреварот со Полска.

реклама

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Read more

Фудбал

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Read more

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Read more

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Read more

Инфантино: Трамп ми рече дека Иран е добредојден на Мундијалот

Read more
 

Спорт

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Читај повеќе

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Читај повеќе

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Читај повеќе

Инфантино: Трамп ми рече дека Иран е добредојден на Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Срамен потег на Тудор: Му ја уништи кариерата на Кински?

Читај повеќе

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Читај повеќе

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Читај повеќе