УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

УЕФА ги налути Турците: Демирал суспендиран, за Белингам само „условна“

Управното тело на европскиот фудбал (УЕФА) штотуку најави казни за фудбалските сојузи и фудбалерите поради последните инциденти на Европското првенство, а во Турција не се среќни со таа одлука.

Иако Фудбалскиот сојуз на Турција доцна синоќа ја демантираше веста, сепак УЕФА го казни турскиот стопер Мерих Демирал со суспензија од два натпревара.

Демирал ги прослави головите против Австрија покажувајќи го симболот на „Сивите волци“, ултранационалистичка турска групација. Рече дека не жали и се надева дека на ист начин ќе слави повеќе голови.

УЕФА штотуку соопшти дека Демирал е суспендиран на два натпревари на репрезентацијата, за кои инаку би имал право на настап.

„Тој е суспендиран поради кршење на општите принципи на однесување, кршење на основните правила на пристојно однесување, нарушување на фудбалот како спорт и користење на спортски настан за промоција на работи кои немаат спортски карактер“, се вели во официјалното соопштение на УЕФА.

Тоа значи дека Демирал нема да биде на терен во четвртфиналето на ЕП против Холандија, но и во потенцијалното полуфинале доколку Турција се пласира.

Но, за разлика од Демирал, истото не се случи со англиската ѕвезда Џуд Белингам, кој исто така беше под истрага за начинот на кој го прослави голот против Словачка.

Белингам го прослави голот против Словачка на крајно непримерен и простачки начин, но доби само условна казна суспензија од еден натпревар.

„Казната е 30.000 евра за Џуд Белингам и суспензија за еден натпревар. Споменатата суспензија не се спроведува веднаш и е предмет на условен период од една година поради прекршување на основните правила на пристојно однесување“, стои на веб-страницата на УЕФА за дисциплински прашања.

Англиската фудбалска асоцијација е казнета со уште 11.000 евра поради нередите предизвикани од публиката и палењето огномет.

реклама

Фудбал

Пујол бесен: Ако судиите сакаат да бидат ѕвезди на вечерта, нека одат во циркус

Read more

Заврши мундијалскиот сон за Екитике

Read more

AS: Паника во Арсенал

Read more

Каталонски новинар по елиминацијата на Барса: УЕФА е мафија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Пујол бесен: Ако судиите сакаат да бидат ѕвезди на вечерта, нека одат во циркус

Читај повеќе

Усик го избра фаворитот: Џошуа или Фјури?

Читај повеќе
  • play_arrow

Заврши мундијалскиот сон за Екитике

Читај повеќе

AS: Паника во Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Каталонски новинар по елиминацијата на Барса: УЕФА е мафија

Читај повеќе

Нејмар даде гол, па се скара со навивачите на Сантус 

Читај повеќе

Топ 10 клубови што освојувале најмалку бодови во историјата на првата лига

Читај повеќе

Сезонава Ф1 сепак ќе се вози во Џеда

Читај повеќе

Симеоне за Јамал: Нека игра тенис ако сака еден на еден

Читај повеќе