Жрепката за групната фаза од претстојното Европско првенство ќе се одржи на 30 ноември во Букурешт, а по тој повод УЕФА ги одреди барабаните од кои ќе се влечат репрезентациите учеснички.
При одредувањето на барабаните УЕФА одлучи предност да им даде на репрезентациите кои завршиле први во своите квалификациски групи. Но, и нив ги подреди според освоените бодови не рачунајќи ги натпреварите против последнопласираните репрезентации.
На жрепката единствено нема да бидат познати репрезентациите кои допрва преку баражите ќе изборат пласман и кои ќе се играат во март.
Жрепката ќе се изврши на 30 ноември во 18 часот во главниот град на Романија, Букурешт. Истата е полудиригирана бидејќи за некои репрезентации веќе е познато во која група ќе бидат.
За репрезентациите кои имаат град домаќин да можат да играат барем два натпревара дома, решено е само две такви репрезентации да може да бидат во една група.
Потоа бидејќи Украина и Русија не смее да играат една против друга поради политички причини, автоматски се знае дека Украина ќе биде во групата Ц. Таквиот механизам ја повлекува и Белгија за која останува единствено групата Б.
Поради таквите компликации веќе однапред е познато за некои репрезентации во која група се:
Група А во Баку и Рим
Италија
Група Б во Копенхаген и Санкт Петербург
Белгија, Русија, Данска
Група Ц во Амстердам и Букурешт
Украина, Холандија, (Романија)
Група Д во Лондон и Глазгов
Англија, (Шкотска)
Група Е во Билбао и Даблин
Шпанија, (Ирска)
Група Ф во Будимпешта и Минхен
Германија, (Унгарија)
Во заграда се репрезентациите кои имаат град домаќин и кои можат допрва да се пласираат преку мартовскиот бараж.
При евентуален пласман на Косово, одлучено е оваа репрезентација да не биде ставена во групата на Русија.