УЕФА го откачи Panini по лошиот ЕУРО 2020 албум, сега Мурињо ќе ги бира сликичките

Филип Здравески
/ 09.04.2022 / 10:31

Познатиот производител на сликички нема повеќе да ги изработува препознатливите албуми за било која категорија натпреварување на УЕФА - тоа во иднина ќе го прави американски Topps.

Откако колекционерите од целиот свет беа видно разочарани од крајно лошиот албум кој Panini го изработи за Европското првенство 2020, стигна и казната од УЕФА. Италијанскиот производител нема повеќе да биде ексклузивен партнер на Европската куќа на фудбалот, а таа чест сега ќе ја има американскиот Topps.

Topps потпиша договор со УЕФА за производство на албумите за ЕУРО 2024 и 2028, потоа женското ЕУРО 2025, како и финалето на Лигата на нации 2028.

Американската компанија веќе некое време е партнер на УЕФА за клупскиот фудбал правејќи ги албумите за Лигата на шампионите и други клупски натпреварувања, а сега ја доби довербата и за репрезентациите.

„Европското првенство е најголемиот и најпрестижен турнир на репрезентативно ниво во Европа. УЕФА има историја кога станува збор за сликички, картички и меморабилија. Ова партнерство е голем чекор, а ќе има уште низ нашиот пат кон ЕУРО 2024 и после тоа“, вели Марк Катлин, главен менаџер во Topps.

Дел од договорот меѓу Topps и УЕФА вели дека Жозе Мурињо ќе работи како амбасадор и ќе учествува во селекцијата на играчите кои треба да се најдат во албумот. Како што е познато, во албумите нема место за сите 23 играчи од една репрезентација, па мора да се направи избор кои да добијат сликичка, а кои да отпаднат.

Remote video URL

Panini беше партнер на УЕФА од 1977 година и ЕУРО 1980, но последниот нивен албум го допре дното и заслужено компанијата од Модена го загуби европскиот репрезентативен пазар. Порано албумите на Panini беа вистински енциклопедии со секакви корисни податоци и статистика, додека албумот ЕУРО 2020 немаше буквално ништо корисно, и напротив, само зголемен број на непотребни сликички. Најлошиот албум во историјата на Panini немаше ниту најосновни податоци како клубовите каде играат играчите, местото и датумот на раѓање, резултатите низ квалификациите на земјите учеснички, место за запишување резултати од првенството, ја немаше ниту препознатливата географска карта со стадиони, капак беше тоа што во некои држави постоеше тимска сликичка, а во некои не (како кај нас). Бонус глупост беше и тоа што Panini дозволи македонските фудбалери на сликичките да бидат сликани по маици.

ЕУРО 2024 ќе се одржи во Германија со 24 репрезентации, а квалификациите ќе почнат наредната година. Се надеваме Македонија повторно ќе учествува и нов убав и корисен албум.

Засега Panini останува партнер на ФИФА и ќе ги издаде албумите за Мундијалите 2022 и 2026.

реклама

Три најдобри протеини за здравo срце

Read more

Неделен хороскоп од 15 до 21 јули според руски астролог

Read more

Кој е идеалниот крвен притисок кон кој треба да се стремиме?

Read more

Се огласи Меланија Трамп: Монструм!

Read more

Фудбал

Шпанија го освои ЕУРО, Јамал урна рекорд на Пеле

Read more

Ел Гази го победи Мајнц на суд: Милионска отштета бидејќи беше отпуштен поради Палестина

Read more

Што предвидуваат обложувалниците за ЕУРО финалето меѓу Шпанија и Англија?

Read more

Зошто ниту еден белгиски град не сака да биде домаќин за репрезентацијата?

Read more
 

Спорт

Шпанија го освои ЕУРО, Јамал урна рекорд на Пеле

Читај повеќе
  • play_arrow

Алкарас го победи Ѓоковиќ и го освои Вимблдон

Читај повеќе

Ел Гази го победи Мајнц на суд: Милионска отштета бидејќи беше отпуштен поради Палестина

Читај повеќе

Судир на титаните на Вимблдон: Алкарас против Ѓоковиќ во реприза на ланското финале

Читај повеќе

Што предвидуваат обложувалниците за ЕУРО финалето меѓу Шпанија и Англија?

Читај повеќе

Зошто ниту еден белгиски град не сака да биде домаќин за репрезентацијата?

Читај повеќе

Кој ќе биде најдобар стрелец на ЕУРО? УЕФА го смени правилото

Читај повеќе

Ван дер Варт: Англија е ср*ње од екипа

Читај повеќе

Американците најголеми фаворити, ФИБА ги потцени Србија и Канада

Читај повеќе