УЕФА го скрати списокот на кандидати за Играч на годината

Меси, Роналдо и Ван Дајк се тројцата кои останаа да се борат за наградата за најдобар играч на минатата сезона.

Откако претходно УЕФА објави листа со 10 кандидати, денеска елиминираше седум од нив. Жири комисија составена од 80 тренери на клубовите кои играа во фазата по групи на Лигата на шампиони (32) и Лига Европа (48) плус 55 новинари (по еден од секоја земја-членка) учествуваа во изборот.

Тројцата помеѓу кои ќе се бира играчот на сезоната се Лионел Меси (Барселона и Арегентина), Кристијано Роналдо (Јувентус и Португалија) и Вирхил ван Дајк (Ливерпул и Холандија).

Останатите кои отпаднаа од конкуренција се:
4. Алисон Бекер (Ливерпул и Бразил) - 57 бода
5. Садио Мане (Ливерпул и Сенегал) - 51
6. Мохамед Салах (Ливерпул и Египет) - 49
7. Еден Азар (Челси/Реал Мадрид и Белгија) - 38
8. Матајс де Лихт (Ајакс/Јувентус и Холандија) - 27
8. Френки де Јонг (Ајакс/Барселона и Холандија) - 27
10. Рахим Стерлинг (Манчестер Сити и Англија) - 12

УЕФА го стесни изборот на кандидати и за останатите награди:

Најдобар голман: Алисон Бекер, Иго Љорис, Марк-Андре тер Штеген
Најдобар дефанзивец: Трент Александер-Арнолд, Матајс де Лихт, Вирхил ван Дајк
Најдобар во средниот ред: Френки де Јонг, Кристијан Ериксен, Џордан Хендерсон
Најдобра фудбалерка: Луси Бронз, Ада Хегерберг, Амандан Анри
Најдобар играч во Лига Европа: Оливје Жиру, Еден Азар, Лука Јовиќ

Победниците ќе бидат јавно објавени на 29 август во Монако за време ждрепката за групната фаза од Лигата на шампиони.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе