УЕФА го состави тимот на векот, за легендата на Јуве немаше место

Во изборот се наоѓаат само најдобрите и во главно нема забелешки, но една работа останува нејасна.

УЕФА го направи изборот на најдобри играчи, клубови во овој век.

Тимот е составен врз основа на успесите, победите и рангот на клубовите и играчите во последните 17 години.

На голот е Икер Касиљас, кој шест пати се најде во тимот на годината на УЕФА, од 2007 до 2012 година.

Во одбраната се Рамос, кој пет пати беше избиран и Пике кој е избран шест пати. Овде јасно е Пујол кој имаше пет номинации и последен пат се најде во најдобриот тим на УЕФА во 2014 година.

Тој е десно, лево е Лам, кој пет пати беше дел од идеалниот тим.

Човекот кој има најмногу настапи за Барселона, Чави, го предводи средниот ред, неизбежен е и Иниеста.

На играчите на Барса, друштво им прави Стивен Џерард, легендарниот капитен на Ливерпул, кој три пати беше дел од идеалниот тим.

Ова е можеби проблематичниот избор, бидејќи сигурно пологично би било Андреа Пирло да се наоѓа на оваа позиција, кој иако само два пати беше избиран како дел од идеалниот тим, што исто така е смешто, два пати ја има освоено Лигата на шампионите и уште два пати играше финале.

За Меси и Роалдо не треба да трошиме зборови, а покрај нив, место во тимот се најде и за Тиери Анри, со пет номинации.

Што се однесува до рангирањето на клубовите во последните пет сезони, прв е Реал Мадрид пред Атлетико и Барселона.

„Јорганџиите“ се пред Барса,четврти е Баерн, петти е Јуве, па следуваат Севиља, ПСЖ, Сити, Дортмунд и Арсенал.

Како што и сами можете да забележите, потполна доминација на Шпанците меѓу играчите, дури шест од нив се наоѓаат во овој тим, а и на клупско ниво се доминантни.  

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе