УЕФА им дозволи на Сити и Јунајтед да играат во исти натпреварувања со Жирона и Ница

Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед добија одобрение од Телото за финансиска контрола на клубовите (ЦФЦБ) на УЕФА да играат во истите натпреварувања како нивните сестрински клубови Жирона и Ница следната сезона.

УЕФА е ригорозна кога се во прашање настапите на клубовите во Европа кои имаат заеднички мнозински сопственик.

Конзорциумот City Group Football ги поседува Манчестер Сити и Жирона, кои оваа сезона ќе играат во Лигата на шампионите, а INEOS Sport ги поседува Манчестер Јунајтед и Ница, кои ќе играат во Лига Европа.

За да можат да се натпреваруваат заедно во истото натпреварување, City Group Football и INEOS Sport мораа да го намалат својот удел во каталонскиот и францускиот клуб на помалку од 30%, а откако го направија тоа, ЦФЦБ им даде дозвола.

Како дел од намалувањето на сопственичките акции во клубовите, City Group Football и INEOS Sport продадоа дел од сопственоста на Жирона и Ница на независен фонд контролиран од ЦФЦБ.

ЦФЦБ исто така одлучи Сити и Жирона, односно Јунајтед и Ница да не префрлаат играчи еден на друг до септември 2025 година.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Read more

Колку заработува Хрватска со квалификациите за Светското првенство?

Read more

Фудбал

Колку заработува Хрватска со квалификациите за Светското првенство?

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Гатузо го критикува системот на квалификации: Италија сруши рекорд, но ќе мора во бараж

Read more

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Read more
 

Спорт

Колку заработува Хрватска со квалификациите за Светското првенство?

Читај повеќе
  • filter

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Читај повеќе

Пјастри: Односот со Норис никогаш не бил подобар

Читај повеќе

Гатузо го критикува системот на квалификации: Италија сруши рекорд, но ќе мора во бараж

Читај повеќе
  • play_arrow

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Читај повеќе

Костиќ удри по Пикси: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија

Читај повеќе

Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Читај повеќе

Роберто Манчини има нова работа

Читај повеќе