УЕФА ЕУРО 2020

УЕФА им ја одзеде организацијата на ЕУРО на Даблин и Билбао

Ф.З.
/ 23.04.2021 / 16:44

Извршниот комитет на УЕФА му ја одзема организацијата на ирскиот главен град, а ги префрли и натпреварите од Билбао, но во друг шпански град.

Непопустливост на градските власт во Даблин и Билбао во однос на присуството на публика на стадионите ги чинеше губење на организацијата на натпреварите од претстојното Европско првенство.

УЕФА денеска одлучи натпреварите предвидени да се играат во Даблин да бидат преместени во Лондон и Санкт Петербург, Шпанија проблемот сама го реши со тоа што наместо Билбао ќе се игра ЕУРО во Севиља, а Минхен се спаси откако дозволи присуство на барем 14.500 гледачи.

„Четирите натпревари првично одредени да се играат во Билбао ќе бидат преместени на 'Ла Картуха' стадионот во Севиља. Организацијата на овие натпревари е поддржано од автономната покраина Андалузија која потврди дека ќе дозволи публика од 30% од капацитетот на стадионот за натпреварите од групата Е и од осминафиналето“, соопшти УЕФА.

„Трите натпревари од групата Е кои првично беа резервирани за Даблин ќе бидат преместени на стадинот во Санкт Петербург, кој веќе е домаќин на три натпревари од групата Б и четвртфиналето. Натпреварот од осминафиналето резервиран за Даблин ќе биде преместен на 'Вембли' во Лондон“, додаде УЕФА.

Согласно на овие одлуки, сите билети кои се продадени за натпреварите во Даблин и Билбао се поништени, а на оние кои платиле за билет ќе им бидат рефундирани средствата. УЕФА дополнително ќе ја соопшти процедурата за набавка на билети на натпреварите кои се преместени за во Севиља, Лондон и Санкт Петербург. Оние кои веќе имале купено билет за Билбао и Даблин ќе имаат приоритет при купување билет за новите локации.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more
 

Ново

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе
  • filter

19 април 1775, почнала Американската револуција

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе