Фудбал

УЕФА ја казни Црвена Ѕвезда: Без навивачи во Ливерпул и Париз

7. септември 2018 - 13:23 | М.Д.

Црвена Ѕвезда нема да ја има поддршката на своите навивачи на гостувањата во Лигата на шампионите против Ливерпул и ПСЖ, одлучи УЕФА.

Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Црвена Ѕвезда, поради излегувањето на терен на нејзините навивачи, за време на натпреварот од плеј-офот за Лигата на шампионите против Салцбург во Австрија.

Црвено-белите во Салцбург направија историски успех пред многубројните навивачи, а по завршувањето на мечот тие масовно истрчаа на теренот, палеа бакли, го кршеа инвентарот и внесуваа предмети на теренот.

Ѕвезда веќе заработи една казна оваа сезона, поради нередите во Литванија, а таа казна веќе ја одработија со играње без гледачи на „Маракана“ во првиот меч од плејофот против Салцбург.

Црвено-белите требаше да останат без навивачи и на својот стадион, при првиот натпревар од ЛШ против Наполи, но таа одлука на Дисциплинската комисија на УЕФА е променета.

Коментирај