УЕФА казнува, навивачите на Селтик упорни: Нова порака за Палестина во ЛШ

Навивачката група Green Brigade, надалеку позната по љубовта кон Селтик и храброста сликовито да објаснат сè што мислат со парола на натпревар, уште еднаш ја истакна пораката за поддршка на Палестина во Лигата на шампионите.

Навивачите на Селтик не се откажуваат од најсилната можна поддршка за Палестина во тешки времиња. Од натпревар во натпревар најавуваат пароли посветени на палестинскиот народ покрај знамињата на оваа земја, а тоа беше случај и синоќа, на натпреварот од Лигата на шампионите.

Европското фудбалско тело (УЕФА) нема милост кон навивачите на Селтик, но тие не премногу загрижени за тоа. Така во последните години плаќаа казни за пропалестински пароли, а во ноември беа казнети со 19.000 евра само за истакнување на палестинското знаме во Лигата на шампионите.

И покрај тоа што знаеја дека ќе бидат казнети затоа што повторно го покажаа својот став на натпревар од најелитното европско натпреварување, навивачите на Селтик синоќа ги кренаа знамињата на Ирска и Палестина заедно со моќна порака која брзо стана вирална.

„Можат да ве угнетуваат, можат да ве затворат, но никогаш нема да ви го скршат духот. Газа, Џенин, Тулкарм, Наблус, никогаш нема да чекорите сами“, стои во пораката на навивачите на Селтик.

Интересно е што фудбалерите на Селтик неодамна играа против Хибернијан во шкотскиот премиерлигаш, а за тоа време нивните навивачи испратија уште една интересна порака која одекна во фудбалскиот свет.

За разлика од ставовите на поголемиот дел од Европа за ова прашање, навивачите на Селтик рекоа: „Бегалци, добредојдени сте“, заедно со неколку палестински знамиња.

Шкотскиот претставник синоќа на фантастичен начин ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите со победата од 5:1 над Слован Братислава. Сите пет гола ги постигнаа различни стрелци.

Тагови
реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Дали ја знаете симболиката на кршењето со јајца за Велигден?

Read more

Кои се најчестите карактеристики на емоционално незрелите партнери?

Read more

Фудбал

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Read more

Консејсаун: Кога Милан освоил два трофеја во една сезона?

Read more

Животната драма на Фернандо Мориентес: Можев да умрам…

Read more

Одложени натпреварите во Италија поради смртта на папата

Read more
 

Спорт

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Читај повеќе

Консејсаун: Кога Милан освоил два трофеја во една сезона?

Читај повеќе

Животната драма на Фернандо Мориентес: Можев да умрам…

Читај повеќе

Одложени натпреварите во Италија поради смртта на папата

Читај повеќе

Лестер испадна од Премиер лигата и продолжи да руши негативни рекорди

Читај повеќе

Конте му се налути на Де Лаурентис: Не сум будала

Читај повеќе
  • play_arrow

Тројца фудбалери на Гостивар и член на струшниот штаб завршиле на распит во полиција

Читај повеќе

Анчелоти уште вечерва ќе добие отказ ако киксне во дербито

Читај повеќе
  • play_arrow

Воска гневна на судиите му поклони службена победа на Вардар

Читај повеќе