КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 2024/2025

УЕФА контра Тиквеш: Нема играње на скопските горештини

Филип Здравески
/ 09.07.2024 / 17:14

УЕФА го промени терминот за деби европскиот натпревар на македонскиот куп победник Тиквеш.

Фото: ГФК Тиквеш АД Кавадарци

Наместо на скопската жештина од 17 часот, УЕФА денеска одлучи натпреварот против исландскиот тим Бреидаблик да се игра во вечерен термин од 20:30 часот.

Температурите кои деновиве во Скопје достигнуваат речиси до 40°C ја натераа УЕФА да реагира кога е во прашање натпреварот од 1. квалификациско коло во Конференциската лига. Тиквеш одлучи натпреварот против Исланѓаните да се игра од 17 часот, што УЕФА го имаше прифатено. Но, поради екстремната топлина денеска дојде до промена.

„Се известува спортската јавност, УЕФА го презакажа терминот на натпреварот ТИКВЕШ - БРЕИДАБЛИК и истиот ќе се одигра на 11.07.2024 во 20:30 часот, поради високите температури‼️“, соопшти кавадаречкиот клуб.

Неофицијално, Исланѓаните биле тие што деновиве вршеле притисок во УЕФА да се промени терминот.

Промената на терминот и финансиски ќе се одрази врз Тиквеш бидејќи изнајмувањето на стадионот чини значително повеќе кога се користат рефлекторите. Од друга страна, бидејќи се игра во работен ден повеќе публика ќе може да дојде во вечерен термин.

Натпреварот Тиквеш - Бреидаблик се игра в четврток, сега од 20:30 часот, а билетите се веќе во продажба во Кавадарци и тоа во „Стрит бар“, „Инфинити кафе“ и „Дистрикт кафе“. Во Скопје ќе можат да се купат на денот на натпреварот на билетарницата на Националната Арена „Тодор Проески“.

Според УХМР, високите температури ќе се задржат и во наредните денови и постепено и ќе се зголемуваат.

реклама

Фудбал

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Read more

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Read more

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Read more

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Читај повеќе