УЕФА одлучи каде ќе се играат финалињата наредната 2023 година

Натпреварувачкиот комитет на УЕФА, кој денеска се состана во Виена за да го одбележи Конгресот на европската куќа на фудбалот, дефинитивно утврди дека финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2022/23 ќе се игра на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

Арената „Пушкаш“ во Будимпешта ќе биде место за финалето на Лига Европа, додека финалето на Конференциската лига следната сезона ќе се игра во „Еден“ арената во Прага, домот на Славија со 20.800 седишта. Овој стадион всушност се вика „Синобо“, но бидејќи УЕФА забранува спонзорски имиња за своите натпреварувања, ќе се именува според старото име „Еден“.

Домаќин на финалето на женската Лига на шампиони во 2023 година ќе биде стадионот „Филипс“ на холандски ПСВ во Ајндховен.

Истанбул требаше да биде домаќин на финалето во 2020 година, но поради пандемијата системот на натпреварување беше променет и сите натпревари од четвртфиналето до финалето се играа на два стадиона во Лисабон. На Истанбул тогаш му беше доделено финалето во 2021 година, но повторно поради ситуацијата со ширење на инфекцијата со коронавирусот финалето се играше во Португалија, овој пат во Порто. Годинава финалето ќесе игра во Париз.

Лига на шампиони:

„Ататурк“ во Истанбул, Турција

Лига Европа:

„Пушкаш“ во Будимпешта, Унгарија

Европа конференциска лига:

„Еден“ во Прага, Чешка

Женска Лига на шампиони:

„Филипс“ во Ајндховен, Холандија

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе