УЕФА покрена дисциплинска постапка против Мората и Родри

УЕФА покрена дисциплинска постапка и истрага против шпанските репрезентативци Алваро Мората и Родри.

Мората, капитенот на шпанската репрезентација која ја освои титулата победник на ЕП, и најдобриот играч на првенството, Родри, се обвинети за недолично однесување во Мадрид, на прославата на шампионската титула.

Во занес и славење, шпанското дуо пееше „Гибралтар е шпански“, поради што Фудбалскиот сојуз на Гибралтар поднесе официјална жалба до УЕФА.

УЕФА назначи дисциплински инспектор да процени дали и колку Мората и Родри ги прекршиле правилата, додека двајцата, како и Шпанската фудбалска федерација, имаат рок од две недели да поднесат жалба и потенцијално да избегнат казна. Официјално, Мората и Родри се обвинети за кршење на стандардите за пристојно однесување, дискредитација на фудбалот како спорт и користење на спортски настани за неспортски дејствија.

Гибралтар е прекуокеанска територија на Обединетото Кралство со 33.000 жители на југот на Шпанија, за која Лондон и Мадрид се расправаат со децении. Шпанија никогаш не престана да бара Гибралтар, но во 1967 година нејзините жители на референдум гласаа да останат под власта на Обединетото Кралство.

Две години подоцна Гибралтар доби нов устав и поголема автономија. Во 1991 и 1997 година, Шпанија ѝ предложи на Велика Британија заеднички суверенитет за Гибралтар, но овој предлог беше одбиен.

реклама

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Read more

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Read more

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Read more

Фудбал

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Read more

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Read more

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Read more

Скандал го тресе турскиот фудбал: Притвор за 17 судии

Read more
 

Спорт

Албанската одбојкарска федерација бара од бразилска репрезентативка да докаже дека е жена

Читај повеќе

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Читај повеќе

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Читај повеќе

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Читај повеќе

Скандал го тресе турскиот фудбал: Притвор за 17 судии

Читај повеќе

Еден месец ги чини 40.000 евра – клубот го моли Депај да го напушти хотелот

Читај повеќе

Факти за Големата награда на Бразил, спектаклот е загарантиран

Читај повеќе

Ѓоковиќ во група со Алкарас на Завршниот Мастерс во Торино

Читај повеќе

Милевски: Нашите играчи се феномени, со мала клупска минутажа даваат максимум во репрезентацијата

Читај повеќе