КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

УЕФА потврди: Русија исфрлена и од ЕУРО 2024

Русија нема да учествува во жрепката за квалификациските групи која ќе се одржи наредниот месец, потврди УЕФА.

Руската фудбалска репрезентцаија нема да биде дел од квалификациската жрепка за ЕУРО 2024 кое ќе се одржи во Германија, потврди европската куќа на фудбалот на синоќешниот состанок на Извршниот одбор кој се одржа на островот Хвар во Хрватска.

Претходно беше најавено дека Русија и Белорусија ќе бидат исфрлени од квалификациите за континенталниот собир кој треба да се одржи за нешто помалку од две години. Тоа е резултат на низата спортски санкции кон овие две земји по руската специјална воена операција во Украина која предизвика војна која сѐ уште трае.

Иако УЕФА потврди дека Русија ќе биде исфрлена од квалификациите, засега такво нешто не ѝ изрече на Белорусија иако Германија, како домаќин на наредниот континентален собир, побара оваа земја да не добие шанса да се квалификува на завршницата. Германците отидоа до таму што за такво нешто се заложи дури и министерката за внатрешни работи на земјата, Ненси Фаезер.

УЕФА објави дела при жребувањето Белорусија нема да може да се падне во иста група со Украина, како што претходно беше случај и со Русија од почетокот на кризата во Донбас во 2014 година. Воедно, продолжува одделувањето и на Азербејџан и Ерменија, Шпанија и Гибралтар, како и на Косово со Србија и со Босна и Херцеговина.

„Сите руски тимови моментално се под суспензија согласно одлуката на Извршниот комитет на УЕФА од 28 февруари 2022 која потоа беше потврдена и од страна на Судот за спортска арбитража на 15 јули 2022“, стои во соопштението објавено од УЕФА.

„Согласно тоа, Русија не е вклучена во квалификациската жрепка за Европското фудбалско првенство на УЕФА 2022-2024“, се додава.

Судот за спортска арбитража (ЦАС) ја одби жалбата на Русија за нејзината суспензија од двете ФИФА и УЕФА по избувнувањето на војната во Украина. УЕФА ѝ дозволи на Белорусија да продолжи да се натпреварува, но тимовите од оваа земја нивните домашни натпревари мора да ги играат надвор од земјата.

На ЕУРО 2024 автоматски како домаќин квалификувана е Германија, додека останатите 53 репрезентации ќе се борат за преостанатите 23 слободни места. Ќе има 10 квалификациски групи од кои 7 ќе содржат 5 репрезентации, а 3 ќе имаат по 6. Десетте победници на групите заедно со десетте второпласирани ќе се квалификуваат на завршницата, додека останатите три места ќе бидат пополнети преку баражи.

Жрепката за квалификациите ќе се одржи во Франкфурт на 9 октомври, додека квалификациите ќе започнат во март 2023 година.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more
 

Спорт

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе