УЕФА ЕУРО 2020

УЕФА се попишмани: Гордо ги носиме боите на виножитото

Германија денеска од 21 часот во Минхен го игра натпреварот од последното коло во групната фаза од ЕУРО 2020, против Унгарија.

Германците сакаа да ја осветлат Алијанц Арена во боите на виножитото за време на натпреварот како порака до унгарската влада предводена од конзервативниот премиер Виктор Орбан, која неодамна донесе закон за забрана за „промовирање на хомосексуалноста“.

УЕФА стави вето на одлуката на Германците, сметајќи дека таа има политички контекст. И покрај тоа, пишуваат германските медиуми, Орбан се откажал од доаѓањето на мечот во Минхен.

По бурните реакции на забраната, не само од ЛГБТИК заедницата, туку и од бројни групи за човекови права, УЕФА денес во своето лого ги имплементираше боите на виножито и издаде не помалку контроверзна изјава под наслов „УЕФА го почитува виножитото“.

„Денес, УЕФА гордо ги носи боите на виножито. Тоа е симбол што ги отелотворува нашите основни вредности, промовира сè во што веруваме - повеќе од само егалитарно општество, толерантно кон сите, без оглед на потеклото, религијата или полот“.

URL

Некои ја толкуваа одлуката на УЕФА да го одбие предлогот на Градот Минхен да го осветли стадионот со бои на виножито за натпреварот на ЕУРО 2020 како политичка. Напротив, самото барање е политичко, поврзано со доаѓањето на унгарската репрезентација на стадионот за вечерашниот натпревар со Германија.

За УЕФА, „виножитото не е политички симбол, туку е знак на нашата силна посветеност кон поразновидно и поинклузивно општество“, се вели во соопштението на УЕФА.

Коментарите на соопштението на социјалните мрежи се измешани – едни сметаат дека со ваквиот потег УЕФА се пишмани и сака да остави впечаток на прогресивна организација, додека други ја критикуваат УЕФА за противречностите и лицемерието во соопштението, со доминантна порака дека нејзината одлука за забранана на осветлувањето на Алијанц Арена е политичка за да не се навреди унгарската влада.

реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Фудбал

УЕФА го вклучи голот на Миовски во конкуренција за најдобар гол во првото коло

Read more

Тудор се согласил да го води Јувентус до крајот на сезоната

Read more

Мота ќе добие отказ, на неговото место доаѓа Манчини

Read more

Македонија рутински мина во Лихтенштајн

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

УЕФА го вклучи голот на Миовски во конкуренција за најдобар гол во првото коло

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам

Читај повеќе

Тудор се согласил да го води Јувентус до крајот на сезоната

Читај повеќе

Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел

Читај повеќе

Мота ќе добие отказ, на неговото место доаѓа Манчини

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн се врати од повреда, Дончиќ брилираше, но Лејкерс доживеа дебакл дома

Читај повеќе

Федерика Брињоне испиша историјата во Светскиот куп

Читај повеќе
  • play_arrow

Македонија рутински мина во Лихтенштајн

Читај повеќе

Милевски ги одреди стартните единаесетмина за мечот во Вадуц

Читај повеќе