Европската фудбалска унија (УЕФА) го објави тимот на годината во избор на навивачите, дури 8,8 милиони од нив, во кој доминираат играчи на Реал Мадрид.
Актуелниот првак на Европа има дури пет претставници во овој тим, а тоа се Серхио Рамос, Марсело, Тони Крос, Лука Модриќ и Кристијано Роналдо.
Тимот го сочинуваат и двајца фудбалери на Јувентус, Џанлуиџи Буфон и Џорџо Киелини, како и Дани Алвеш од ПСЖ, Кевин де Брујн од Манчестер Сити, Еден Азар од Челзи и Лионел Меси од Барселона.
Најмногу гласови добил капитенот на Реал Серхио Рамос, вкупно 588.315, а потоа следи неговиот соиграч Марсело, па потоа Меси, Роналдо, Де Брујн и така натаму.