УФЦ: Даниел Кормие го одбрани тронот и влезе во историјата

Даниел Кормие стана првиот ММА борач кој успешно го одбрани појасот во две тежински категории во УФЦ. Тоа се случи синоќа, кога по само две минути и 14 секунди успеа да го натера Дерик Луис да ја предаде борбата.

Шампионот уште од самиот почеток на борбата која се одржа во Медисон Сквер Гарден тргна со намера да го сруши Луис и да го принуди на борење на партерот.

Некогашниот затвореник во почетокот на првата рунда се наоѓаше на грб, но некако успеа да се одбрани и да ја дочека втората рунда. А таму, следеше неговата шанса за победа. Предизвикувачот од Тексас повторно имаше прилика до крајот на борбата да се врати и да оствари победа, но чекаше предолго и му дозволи на Кормие да нападне и да заземе подобра позиција.

Кормие успешно се провлече зад грбот на противникот, ја позиционираше раката околу неговиот врат и почна да го гуши Луис, кој во последната борба го нокаутираше Волков.

Следниот борач кој ќе добие шанса да му го одземе појасот на Кормие е Брок Леснар, но откако ќе ги помине сите допинг тестови поради кои веќе две години не е дел од УФЦ борбите.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе