Останати спортови

UFC доби нов мајстор за нокаути

31. јули 2016 - 15:32 | Д.П.

UFC ангажираше нов борач кој ќе ја зголеми атрактивноста на борбите. Неговото име е Марк Bonecrusher Диакис кој досега има учинок од 9-0 во борбите.

Станува збор за 23-годишен фајтер од лесната категорија кој доаѓа од Англија и е еден од најголемите млади ѕвезди во спортот.

Членот на Allstars Training Center се покажа во BAMMA организацијата каде стана првак во лесната категорија, а повикот во UFC веројатно го доби по последните две борби во кои ги собори противниците за само неколку секунди.

Многумина му предвидуваат успешна кариера на талентираниот борач кој досега ја нема почувствувано горчината на поразот.

 

 

Коментирај