ММА борачот Бенеил Дариуш го нокаутираше неговиот противник Скот Холцман во првата рунда, за само 25 секунди и тоа со маестрален потег.
Дариуш го изненади Холцман и со еден spinning back fist удар го легна на под.
Судијата го прекина мечот, а на Холцман му требаше време да и помош за да стане.
Потоа седеше на столче неколку минути пред да може да излезе од салата.
Холцман претходно најавуваше борба со многу удари, а на крај заврши на под во првата рунда.
Ова беше петта победа во низа за 31-годишниот Дариуш, кој е роден во Иран и се преселил во САД кога имал 9 години.
Неговата победа беше осми нокаут со spinning back fist удар во историјата на УФЦ. Дариуш не бил поразен во изминатите три години.
На социјалните мрежи нокаутот се споредува со главниот потег на ликот Зангиеф (Crimson Cyclone) во популарната видеоигра од 90-тите Street Fighter.