Угледниот Variety објави рецензија за „Врба“ на Милчо Манчевски

Угледниот американски магазин Variety објави реценција за филмот на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Врба“.

Во рецензијата филмот се опишува како „три приказни за македонско мајчинство кои одекнуваат низ вековите во моќната, евокативна и прекрасно одглумена драма на Милчо Манчевски.“

Според филмската критичарка Џесика Кианг, Манчевски носи „филигрански опсервирани хумор и трогателност, и во значајни и во прозаични случки“.

Во текстот се вели дека жените во овој филм не се стари баби, но нивните приказни имаат чувство на нешто народно – дури и оние две од трите што се случуваат во денешно време.

-Користејќи трипартитна структура која го привлекуваше режисерот и во минатото, особено во неговото деби од 1994 „Пред дождот“, филм кој беше номиниран за Оскар и победи во Венеција, Манчевски извлекува три извонредни женски актерски остварувања од неговите главни актерки, од кои секоја ја тера својата сопствена приказна за маките, кривиците и огромните жртви на мајчинството. Често трагична, често сурова, „Врба“, видена низ милозливата, озарена камера на директорот на фотографија Тамаш Добош, сепак задржува леснотија и енергија која на крајот успева да биде оптимистичка – не толку приказна за жалоста на врбата колку за нејзината способност да се извиткува со небаре бескрајна флексибилност без да се скрши, се наведува во рецензијата на Variety.

Во рецензијата се дополнува дека „Врба“ не е филм на линеарна логика, туку на алузии и асонанци, на еха и одгласи.

-Но, „Врба“ не е филм на линеарна логика, туку на алузии и асонанци, на еха и одгласи. Можеби приказната на Донка е коренот, на Родна стеблото, а на Катерина гранката, а елегантното, надежно огледување на почетокот и крајот – едно дете се губи, друго дете е пронајдено – е едноставно виткањето на ова особено дрво кое несвесно му се поклонува на своето потекло закопано длабоко во земјата на некое дамнешно минато, се вели во рецензијата на Variety.

По минатонеделното прикажување на Сараевскиот филмски фестивал, нареднава недела „Врба“ ќе ја има и кинеската премиера, во престижната конкуренција за награди на Филмскиот фестивал во Пекинг, а организаторите велат дека сите проекции на филмот се однапред распродадени. Во октомври следи шпанската премиера на фестивалот во Валенсија.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Read more

Филм & ТВ

Хелен Мирен ќе добие почесен Златен глобус

Read more

Гари Олдман тврди дека улогите во овие филмови му ја спасиле кариерата

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Објавен официјален трејлер за биографскиот филм за Мајкл Џексон

Read more
 

Сцена

Хелен Мирен ќе добие почесен Златен глобус

Читај повеќе

Гари Олдман тврди дека улогите во овие филмови му ја спасиле кариерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто (не) треба да го гледате Frankenstein на Гиљермо дел Торо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Објавен официјален трејлер за биографскиот филм за Мајкл Џексон

Читај повеќе

Stranger Things пишува историја: Финалето на серијата ќе се прикажува во кината ширум светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Роуан Аткинсон се враќа: Netflix објави трејлер за серијата Man Vs Baby

Читај повеќе
  • play_arrow

Шварценегер го откри единствениот римејк на негов филм што би сакал да го види

Читај повеќе
  • play_arrow

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Читај повеќе