УЈП: Фирмите на Боки 13 затаиле данок од 20 милиони денари

Скопје, 15 октомври 2019 (МИА) – Повеќе од 20 милиони денари се индициите за затаен данок од фирмите поврзани со првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Управата за јавни приходи (УЈП) откри затајување данок во БМЈ груп, Меѓународен сојуз и Томато продукција, а контрола извршила и во 1ТВ.

Во Меѓународниот сојузи во кој претседател беше токму Боки 13, УЈП при контролата забележала дека  не се приложени документи за ваучерите за одредени семејства за кои биле исплаќани средства со што бил сокриен приходот. Инспекторите откриле договор меѓу Јовановски  и компаниите „Дрим Билдинг“ и ГП „Пелистер“ за изградба на Европски комплекс, а парите кои тие требало да ги добие Сојузот, биле префрлени на физички лица односно кај заменик претседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ и кај пензионерката Лилјана Тодоровска на лични сметки. Од УЈП вчера на Јовановски му бил доставен записникот, но тој одбил да го потпише со образложеноие дека дал неотповиклива оставка во Сојузот.

Во БМЈ Груп, УЈП при контролата забележала префрлање на пари од 1ТВ за набавка на опрема, но не била издадена фактура со што не бил пресметан данок. БМЈ Груп не евидентирале фактури и за концертите на Северина и Марија Шерифовиќ со што не го искажале приходот и нема пресметка на ДДВ.

Инспектори на Управата извршиле контрола и во Томато продукција која за 4.000 евра месечна закупнина му го издавала објектот на Боки 13 за телевизијата. Во Томато, пак, нашле затајување на данок при побарувањата на сопственикот на Томато од сопственичката на земјиштето која му била сопруга  без да и биде доставена фактура. Објектот, според УЈП бил изграден од страна на Томато во 2009 година, но земјиштето било на сопругата на сопственикот на продукцијата и му го издавала без надомест. Објектот бил избришан од евиденцијата на сметководствените книги во 2015 година и се водел на сопругата на сопственикот на Томато. Кривична ќе биде поднесена за неиздавање на фактура за да се пресмета ДДВ и персоналниот данок.

Од УЈП информираат дека се врши контрола во уште една фирма, која била поврзана со овие три фирми и дека ќе се направи контрола на физичките даночни обврзници што работеле со овие фирми. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе