УЈП и ССК се координираат против нерегистрираните бизниси

Скопје, 11 јули 2018 (МИА) - Штетите од работата на нерегистрираните фирми за државниот Буџет се огромни, а само по продукт од ИТ индустријата изнесуваат шест милиони евра. Оштетени се и компанииите кои работат легално во секторот затоа што увезуваат производи и мора да ги сертифицираат, а на ризик се изложени и граѓаните кои  ги купуваат.

Тоа го истакна денеска Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопанските комори по потпишувањето Меморандум за соработката со директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Со меморандумот, ССК и УЈП најавија координација за справување со сивата економија и нелојалната конкуренција, зони на делување во кои во изминатите три години, претежно, во периодот на политичката нестабилност, според Арсовска, се префрлаат регистрирани фирми, најмногу од градежништвото, но и индустријата каде се пуштаат и цели производствени капацитет без да бидат регистрирани.

- Без координирана акција на стопанството, УЈП и граѓаните, нема механизам да се откријат затоа што тековите на пари им се готовински. Тоа сакаме да го пресретнеме, и тие да влезат во системот затоа што не е целта да бидат казнувани, туку да влезат на пазарот и да бидат лојална конкуренција, кажа Арсовска.

УЈП, како што рече Лукаревска, работи на подготовка на национална стратегија за  фискализација, како и на други проекти, а во нацрт фаза е најавениот закон за прекршоци, што треба да  ја ублажи казнената политика за фирмите.

- Треба да се направат  промени во делот на критериумите за одредување  на глобата со член 39. Доставивме одредени предлози, ќе видиме што имаат доставено и останатите институции. Законот треба да се донесе што поскоро и врз основа на тоа еден  од  сегментите ќе биде и намалување на сивата економија, рече Лукаревска, забележувајќи дека за некои прекршоци има премали казни, а за некои превисоки.

Според неа, инспекциските служби на Управата се постојано на терен, се утврдуваат и исти неправилности по неколку пати, што покажува дека за да има резултати треба да се работи и на кревање на даночната свест. Како и  минатата, и годинава ќе бидат контролирани сите големи летни настани каде има голем простор за неиздавање фискални сметки, рече директорката на УЈП, најавувајќи соработка и со останатите комори за сузбивање на неформалната економија.

Како што појасни Арсовска, од учесниците на пазарот, оние кои работат без фирма се поконкурентни од регистрираните за 50 проценти. Тие не плаќаат ДДВ и продонеси по основ на социјално и пензиско осигурување, а тековните трошоци ги плаќаат како лица наместо со износот за индустриска струја и вода како регистрираните фирми.

Според последните податоци на меѓународните организации, наведе Арсовска, во земјава секоја година фирмите губат до 15 проценти од профитот поради сивата економија во сите сектори.

Извештајот на ОЕЦД покажува учество од 25 проценти на сивата во вкупната економија на Македонија, а во извештајот на ЕУ се наведува дека сивата економија останува главна пречка за бизнисот и влијае на конкурентноста на формалниот приватен сектор. Проценките за големината на сивата економија со извештајот на ЕУ се движат од 20 проценти од вкупното производство до 40 проценти во зависност од применетиот метод, што создава пречка за инвестиции и прави сериозни проблеми и нелојална конкуренција на регистираните компании. Просечното ниво во европските земји се движи од 12 до 15 проценти.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе