УЈП почна со исплата на парични средства по основ на МојДДВ

Скопје, 6 декември 2019 (МИА) – Управата за јавни приходи (УЈП) започна со исплата на парични средства согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.

Повратот од 15 отссто од ДДВ на трансакциските сметки на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ, велат од УЈП, се префрла на сметките на граѓаните за првото тримесечје, односно за месеците јули, август и септември.

– Досега е исплатен поврат кај 16.600 граѓани, а до крајот на наредната недела повратот ќе биде извршен кај сите граѓани кои ги скенирале фискалните сметки во првото тримесечје преку апликацијата МојДДВ, киоск апаратите и бар-код читачите во организационите единици на Управата за јавни приходи, соопшти УЈП.

Во првиот квартал од МојДДВ, се додава во соопштението, скенирани се 22.670.713 фискални сметки,  остварен е вкупен промет во износ од 11.423.978.620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1.241.434.628 денари. Повратот од 15 отсто е во висина од 186.215.194 денари.

Од УЈП најавуваат дека ќе излезат со подетални информации по заокружувањето на целата исплата кај сите корисници на МојДДВ кои ги исполниле условите за поврат на 15 отсто од ДДВ.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе