УКИМ со скок на ранг-листата на SCIMAGO во 2022 година

Во вкупното рангирање на 4364 универзитети за 2022 година, УКИМ е на 657-то место, според резултатите од SCIMAGO Institutions Rankings сервисот за рангирање на високообразовни и истражувачки институции во светот, кој базира на истражувачките резултати референцирани во индексациската база SCOPUS на Elsevier.

Како што информира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во резултатите за рангирањето објавени на почетокот на годинава, се бележи „тренд на подобрување односно од 743 место за 2020, кон 727 место за 2021 и 70 места погоре за 2022 година“. Притоа се објавува севкупно рангирање, како и одделно според индикаторите кои ги анализира оваа ранг-листа: влијание преку истражувачки резултати, влијание преку иновации и општествено влијание.

-Радува податокот дека кај сите овие индикатори се забележува тренд на подобрување. Според тоа, УКИМ е рангиран помеѓу првите 38% од рангираните светски универзитети, односно во 23% од рангираните универзитети во Источна Европа, како и на прво место во Република Северна Македонија, соопшти универзитетот.

Дополнително, како што наведува, научните резултати кај секој универзитет се анализирани во 19 научни области дефинирани според SCIMAGO Institutions Ranking.

-За една институција да има присуство во одредена научна област, потребно е таа во последната година да надмине минимален праг на постигнати и објавени научни резултати, според критериумите на SCIMAGO Institutions Ranking. Значајно е дека УКИМ е рангиран во сите 19 научни области, појаснува Скопскиот универзитет.

Во однос на бројот на научни публикации објавени од академскиот кадар на УКИМ референцирани во индексациската база на SCOPUS, се согледува континуираното зголемување на бројот на научни публикации:  од 538 во 2014, нивниот број во минатата 2022 година е 668.

-Веруваме дека овој број може да е многу поголем според бројноста и квалитетот на научно-истражувачкиот кадар, наведува УКИМ во соопштението.

Тагови
реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе