Укинати притворите на Едмонд Темелко и Оливер Поповски

Скопје, 16 ,мај 2018 (МИА) - Укинат е притворот на екс началникот во МВР Оливер Поповски кој е обвинет за настаните од 27 април  2017 година во Собранието на Република Македонија, како и на градоначалникот на општина Пустец Едмонд Темелко, обвинет во предметот на СЈО „Титаник“.

За укинување на притворите за двајцата понудена е гаранција во недвижен имот, а судот побара и мерка претпазливост, односно да се јавуваат еднаш неделно во судот, како и одземање на патните исправи.

- Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по предлог на одбраната на Поповски, опфатен со обвинителниот акт поврзан со настаните во Собранието на Македонија, донесе решение со кое го уважи предлогот за укинување на мерката притвор со понудена гаранција во недвижен имот, со кое по правосилноста на решението и запишување на хипотеката од страна на Агенцијата за катастар, мерката притвор ќе се укине, а заради обезбедување присуство во текот на постапката на обвинетиот му се определуваат мерки за претпазилвост и тоа: Обврска на обвинетиот да се јавува еднаш неделно на одговорно службено лице во судот  и Привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, се наведува во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Кривичниот совет го укина и куќниот притвор на Едмонд Темелко обвинет во предметот на СЈО означен како „Титаник“, по претходно барање на одбраната, а како гаранција е понуден недвижен имот. Судот донел решение со кое го уважи предлогот за укинување на мерката куќен и го уважува предлогот на СЈО со кој заради обезбедување присуство во текот на постапката му се определуваат мерки за претпазливост и тоа, обвинетиот има обврска еднаш неделно да се јавува во Основен суд Ресен и привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

реклама

Македонија

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Read more

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Read more

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Read more

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Read more
 

Вести

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Читај повеќе

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Читај повеќе

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе