За време на АТП Завршниот турнир во Торино рускиот тениски ас останал без својот скап часовник од марката Bovet.
Додека Даниил Медведев во неделата го играше финалето од 2021 Завршниот турнир на АТП против Александер Зверев во Торино, Италија, од соблекувалната исчезнал неговиот часовник Bovet кој чини вртоглави 200.000 евра.
Згора на тоа, Медведев го загуби финалето со 2:0 во сетови (6-4 и 6-4).
Кога рускиот тенисер се вратил со соблекувалната после поразот, забележал дека му го нема часовникот и веднаш пријавил во полиција.
Полицијата веднаш излегла на терен и, според италијанските медиуми, го пронашла украдениот часовник. Но, крадецот останува непознат поради што истрагата уште не е затворена.