Во село Боговиње, тетовско, непознат сторител извршил тешка кражба во куќата во сопственост на Ф.А. (44).
Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 4.100 евра и кутија со разновиден златен накит во вредност од околу 10.000 евра, по што го напуштил местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.