Вчера околу 18.30 часот непознат сторител извршил разбојништво во аптеката „Виола“ во Буњаковец при што одзел 4.660 денари од дневниот промет и четири кутии „Виагра“.
Кога влегол во аптеката крадецот со шприц ѝ се заканил на вработената дека ако не му даде пари ќе го употреби и ќе ја зарази со сида.
Откако ги зел парите, крадецот побарал и 4 кутии со таблети вијагра. Кога ги зел и таблетите излегол и се упатил во правец на Универзална Сала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.