Украдено возило на Итната помош во Општата болница во Кочани

Возило на Итната медицинска помош ноќеска било украдено од кругот на Општата болница со проширена дејност во Кочани.

Неколку часа по настанот возилото, без видливи оштетувања, било пронајдено во близина на јавната здравствена установа, а настанот е пријавен во полиција.

-Веднаш откако вработените забележале дека возилото го нема, пријавиле во Полициската станица во Кочани, по што полициски службеници направиле увид и очекуваме да го откријат сторителот или сторителите. Се работи за постаро возило oд марката Toyota, што Итната медицинска помош го користи само повремено и за кратки релации во градот или до блиските населени места. Веројатно се работи за млади лица кои на овој начин сакале да се забавуваат, а полициската истрага треба да покаже како тие влегле и го стартувале возилото, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница во Кочани.

Службата за Итна медицинска помош во болницата во Кочани има уште неколку понови возила што се користат за транспорт на пациенти до Штип и Скопје, а едно од нив во март минатата година беше тешко оштетено во сообраќајна несреќа при судир на патот Кочани – Штип.

реклама

Финансиски хороскоп за февруари: За кој знак е поволно време за почнување бизнис?

Read more

Што се случи со Месут Озил?

Read more

Кои се најчестите повреди за време на секс?

Read more

Археолози ја открија првата кафеана во светот – стара е 5.000 години

Read more

Хроника

Кривична за вработен во Матично кој издал фалсификуван извод од родени

Read more

Човечки труп извлечен од водите на Вардар кај Долно Лисиче, Скопско

Read more

Девојка пријавила скопски таксист за недолично однесување

Read more

Тетовец приведен поради физички напад врз сопругата

Read more
 

Вести

Ковачевски: Компании како Виталиа имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата во земјата

Читај повеќе

Мери Дика Георгиевска е нов претседател на Апелационен суд Скопје

Читај повеќе

Театарската претстава „Синиот портокал“ на 8 февруари во Јавна соба

Читај повеќе

Стапи на должност петтата техничка Влада на Бугарија

Читај повеќе

Украинците поднесоа кривична пријава против шефот на Вагнер

Читај повеќе

Полицијата го обезбедува просторот околу црквата Свети Спас, пристап ќе имаат само најавени делегации

Читај повеќе

Без вода дел од населба Центар

Читај повеќе

Дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје

Читај повеќе

Пациентите со цистична фиброза утре излегуваат на протест пред Владата

Читај повеќе