Украина ќе помине полошо од Германија по двете светски војни, според планот на Трамп

Условите на овој договор далеку ги надминуваат оние наметнати на Германија и Јапонија по Втората светска војна.

„Условите на договорот кои пред седум дена пристигнаа во канцеларијата на Володимир Зеленски носат американска економска колонизација на Украина, во правна смисла. Тоа подразбира товар на отштета кој никако не може да се постигне“, се наведува во текстот на The Telegraph.

Според информациите од документот, САД ќе добијат 50 проценти од приходите од експлоатација на ресурси и 50 проценти од вредноста на „сите нови лиценци издадени на трети страни“ за идна монетизација на ресурсите. Таквите приходи би биле „запленети“ во корист на САД.

„Таа клаузула значи 'прво платете ни нас, а потоа хранете ги своите деца'“, рекол извор близок до преговорите за The Telegraph.

Договорот предвидува дека за сите идни лиценци САД ќе имаат право на првенство при купување на извозни минерали. Вашингтон би уживал суверен имунитет и би стекнал речиси целосна контрола над голем дел од украинските стопански суровини.

Одреден фонд би имал исклучиво право на утврдување на методи, критериуми за избор, одредби и услови за сите идни лиценци и проекти, се наведува во статијата.

„Претседателот Зеленски самиот ја предложи идејата на САД да им се даде директен удел во украинските ретки земјени елементи и критични минерали за време на посетата на Trump Tower во септември, надевајќи се дека ќе го олесни патот за продолжување на испораките на оружје. Веројатно не очекувал да се соочи со услови кои инаку се наметнуваат на државите агресори поразени во војна. Тие се полоши од финансиските казни наметнати на Германија и Јапонија по нивниот пораз во 1945 година“, пишува во текстот.

Всушност, условите на овој договор значително ги надминуваат оние кои на Германија и беа наметнати со Версајскиот договор во 1919 година.

Репарациите наметнати на Вајмарската Република изнесуваа 132 милијарди златни марки (околу 269 милијарди американски долари во денешна противвредност) и подоцна беа намалени. Бројката е 500 милијарди американски долари во случајот со Украина.

Договорот кој го предложил Трамп не вклучува никаква финансиска помош за Украина, туку само наметнува ограничувања и барања кои би можеле да го спречат економскиот развој на земјата.

Во интервју за Fox News, Трамп изјави дека Украина „во суштина се согласила“ на трансфер на 500 милијарди долари.

„Тие имаат неизмерно вредна земја во однос на ретките земји, во однос на нафтата и гасот, во однос на други работи“, рекол тој.

Трамп предупреди дека Украина „ќе биде предадена на Путин на послужавник“ ако ги одбие тие услови.

„Украина никако не може да го исполни неговото барање од 500 милијарди долари во било кој значителен временски рок, оставајќи го настрана поголемото прашање дали е чесно да се третира нација жртва на овој начин откако три години ја држеше борбената линија за либералните демократии со огромни жртви. Барањето на Трамп е принуда на неоимперијална сила со железна тупаница против послаба нација која е притисната со грб кон ѕидот“, пишува Telegraph.

реклама

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Read more

Koja e идеалната температура за перење на постелнината?

Read more

Мајк Тајсон: Али ќе ме победеше и во моите најдобри денови

Read more

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Read more

Свет

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Read more

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Read more

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Read more

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Read more
 

Вести

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Читај повеќе

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Читај повеќе

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Читај повеќе

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Читај повеќе

Истрага против татко и двајца синови: Држеле во заложништво шест млади мигранти

Читај повеќе

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Читај повеќе

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Читај повеќе

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Читај повеќе