Украина: Русија го нападна Киев со дронови, соборени сите беспилотни летала

Украинските власти соопштија дека противвоздушната одбрана соборила руски беспилотни летала во близина на Киев, чии остатоци предизвикале пожар во нестанбена зграда и оти во нападот нема жртви.

Шефот на воената управа на градот Киев, Сергеј Попко, информира дека Русија лансирала 12 дронови кон Киев, но оти украинските сили за противвоздушна одбрана ги идентификувале и уништиле „сите непријателски цели“ во воздушниот простор околу главниот град.

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека Русија во текот на ноќта кон Украина лансирала вкупно 15 дронови Shahed од иранско производство, а дека украинските сили уништиле 14 од нив.

Остатоци од дрон паднале во западниот киевски кварт Свјатошино, предизвикувајќи пожар на површина од 200 квадратни метри во нестанбена зграда, се наведува во соопштението.

„Според прелиминарните податоци, во моментов нема жртви“, објави Попко на Telegram, истакнувајќи дека информациите се прецизираат.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Telegram објави дека е запалена продавница во Свијатошин, но оти нема жртви и пожарот е ставен под контрола.

Во неколку региони на Украина утринава беа објавени предупредувања за воздушни напади.

реклама

TikTok трик за гламурозна фризура без фенирање

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Read more

Свет

ОН ја објави листата на топ 10 најнаселени градови во светот за 2023 година

Read more

Северна Кореја ја извести Јапонија дека планира да лансира сателит

Read more

Белорусија ги затвора патиштата кон Русија, најави формирање на народна милиција

Read more

Позелене водата во каналот во Венеција, свикан итен состанок

Read more
 

Вести

Кинотеката в среда го отвора летното кино со филмска вечер посветена на Желимир Жилник

Читај повеќе
  • filter

ОН ја објави листата на топ 10 најнаселени градови во светот за 2023 година

Читај повеќе

АХВ: Нема ниту една увозна пратка со домати позитивна на пестициди

Читај повеќе

Дадилката на Коста – клучен сведок во случајот со масакрот во „Рибникар“, пишуваат српските медиуми

Читај повеќе

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ предлага законски олеснувања за лекување на болните од цистична фиброза

Читај повеќе
  • play_arrow

Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

Читај повеќе

Фатен струмичанец кој избегал од затвор каде требало да одлежи уште година за измама

Читај повеќе

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Читај повеќе