Украинците објавија видео од дрон како се забива во руски ракетен систем

Украинската армија објави видео од уништувањето на руски ракетен фрлач. Станува збор за моќен термобаричен ракетен фрлач TOS-1A.

На видеото објавено од украинската војска се гледа како ракетен фрлач истрелува проектили. Кон него се упатува дрон, кој во еден момент малку се скршнува, а потоа се забива во возило на земја. Се работи, најверојатно, за камиказе дрон. Снимката не е независно потврдена.

Украинците уште пред 20 дена тврдеа дека уништиле ТОС-1А. Видеото од запаленото возило потоа го објави агенцијата Nexta.

Како што пишува CNN, тоа е оружје што е забрането со Женевската конвенција поради неговата особена бруталност. Имено, ова оружје има способност да го вшмукува целиот воздух во прилично голем радиус. На луѓето кои се во близина буквално им е исцицан воздухот од белите дробови. Тоа е оружје кое има цел и способност да убие што е можно повеќе луѓе на мал простор.

 

 

Ова оружје делува така што го детонира првото полнење за да го отвори резервоарот за гориво и да го растера горивото како облак што може да навлезе во која било зграда, бункер или тунел што не е херметички затворен.

Второто полнење потоа го активира и произведува огромна огнена топка. Детонацијата вшмукува кислород од околниот воздух за да произведе експлозија на екстремно висока температура, која потоа обично произведува бранови на експлозија со значително подолго траење од детонацијата на конвенционалните бомби.

Експлозијата на вакуумската бомба може да ги испари погодените тела на жртвите. Ова оружје може да уништи неколку градски области со еден удар, напиша Reuters.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе