Украински хокеар доби 1 година суспензија поради расизам

Украинскиот хокеарски репрезентативец Андриј Денискин доби едногодишна суспензија од Меѓународната хокеарска федерација (ИИХФ) поради навредување на противнички играч на расна основа, потврди организацијата.

„Расистичките гестови, коментари или постапки немаат апсолутно никакво место во хокејот на мраз или било каде“, рече претседателот на ИИХФ, Лук Тардиф.

Денискин првично беше суспендиран на 13 натпревари поради инцидент кога неговиот тим Кременчук го победи Донбас со 3:2 на крајот на септември минатата година.

„Постапките на Денискин се целосно неприфатливи и нема да бидат толерирани. Иако тој веќе одлежа суспензија од 13 натпревари, утврдивме дека заслужува дополнителна казна“, заклучи Тардиф.

Во 35. минута Денискин се судри со играч на Донбас и двајцата беа исклучени. Сепак, пред да се упати кон клупата, Денискин направи расистички гест кон противничкиот хокеар Џејлен Смерек, кој е Афроамериканец.

Денискин имитираше лупење банана, а потоа и консумирање, што го снимија камерите по што и покрај извинувањето доби првична суспензија од 13 натпревари, но со опција да ја смали на 3 доколку плати 1.870 американски долари, што предизвика остри реакции во хокеарскиот свет. Поранешни и сегашни НХЛ играчи како Назем Кадри, ЏејТи Браун, Ентони Дуклер, Жорж Ларак и Аким Алиу јавно искажаа поддршка кон Смерек.

URL

Смерек одлучно изјави дека нема повеќе да игра во украинската лига сѐ додека Денискин не добие заслужена сериозна казна. На 10 октомври 2021 Смерек и Донбас спогодбено го раскинаа договорот.

URL

Дури сега дојде одлуката Денискин да добие построга казна, која целосно ја заслужи.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе