Во текот на двете години од украинско-руската војна, украинските саботери извршија голем број напади насочени кон уништување или онеспособување на авионите на руската армија.
Украински диверзанти го запалија јуришниот хеликоптер Ми-24 на воениот аеродром Клин-5 на руските сили. Руската безбедносна служба ФСБ извести дека успеале да ја спречат операцијата на украинските разузнавачи за киднапирање на еден од хеликоптерите од аеродромот Клин-5.
Russian Mi-24 attack helicopter burned in Moscow region, - GUR
— NEXTA (@nexta_tv) November 11, 2024
On the night of November 10, a Russian Mi-24 attack helicopter was destroyed at the Klin-5 military airfield in Moscow region.
Also today, the Russian FSB reported the prevention of a Ukrainian operation to hijack… pic.twitter.com/8ZKLFMh3FN
Наводно, планот на украинските оперативци бил да регрутираат еден од руските пилоти, кој со киднапираниот хеликоптер ќе пребега во Украина.
За време на украинско-руската војна, на руските аеродроми беа извршени голем број напади и диверзии и од украински и од руски државјани.